Жозе Мурињо беше оној кој го опомена Маркус Рашфорд по дебито на Алексис Санчез во дресот на Манчестер Јунајтед, а тоа беше повеќе од доволен повод англиските таблоиди да почнат со шпекулации дека суперталентираниот крилен фудбалер повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“.
Взаемното мислење на добар дел од англиските медиуми е дека Рашфорд нема да може да го направи потребниот прогрес во иднина во друштво на суперзасилувањето од Арсенал, информации кои очигледно доволно добро го испровоцираа Мурињо за тој денеска во препознатлив и ироничен стил да се самонарече „монструм“.
– Историјата на Рашфорд е навистина интерен бидејќи почна да игра со Ван Гал кога тимот беше во проблеми. Потоа дојде монструмот кој ги убива децата кои продолжуваат да играат. Тој игра на секој натпревар, без разлика дали е стартер или влегува од клупата, како напаѓач, лево крило или десно крило. Притоа тој е и стандарден репрезентативец, – иронично порачува Мурињо кој од јавноста често знае да го добие неблагодарниот епитет „уништувач на талентирани играчи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст