| четврток, 6 декември 2018 |

Се ожени Борко Ристовски (ФОТО)

Репрезентативниот ракометен голман и чувар на мрежата на „Барселона“ конечно се ожени со Николина, која набрзо треба да го роди нивното прво дете, синот Душан.

Убавата кумановка Николина – Нина, која е во осмиот месец на бременоста, го задржала своето презиме, кое е исто со презимето на Борко.

„Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусобно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на се. Јас сум среќна за сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе раснеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно“напишала г-ѓа Ристовска на еден од своите профили на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top