| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е најсреќниот град на светот?

Истражувањето на порталот „Time Out“, во кое учествувале 15.000 луѓе од 32 светски престолнини, вклучувајќи ги Барселона, Берлин, Токио и Њујорк, покажало дека Мелбурн е најсреќниот град во светот.

Овој австралиски град, според индексот за градски живот, се најде и на четвртата позиција како највозбудлив град во светот, веднаш зад Чикаго, Њујорк и Порто.

Градовите биле рангирани врз основа на оценки во седум различни категории: Храна и пијалаци, култура, социјална заедница и социјални односи, соседство, достапност, среќа и одреден степен на удобност за живот.

Заклучено е дека 89 отсто од жителите на Мелбурн уживаат во животот во овој град, а девет од 10 лица изјавиле дека биле среќни во изминатите 24 часа.

Магазинот „The Economist“ го прогласи Мелбурн за најпогоден град за живот во 2017 година, седми пат по ред.

Уште неколку победници во различни категории:

Дубаи – најдолго работно време

Вашингтон – Најголем број на самци на сцената за забавување

Њујорк – Најдобар ноќен живот, но и најмногу стрес

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top