| четврток, 6 декември 2018 |

На „Фејсбук“ се пронаоѓаат биолошки родители, посвоени деца и браќа и сестри

Нема ден, а на социјалните мрежи да не осамнат нови постови за тоа дека некој некого бара, биолошки родители, деца дадени во дом, па потоа посвоени, браќа или сестри кои не се познаваат, деца за кои роднините се сомневаат дека се украдени.

Се бара помош од луѓе што можеби слушнале за слични приказни во околината и може да помогнат со информација. Според нашите закони, скоро е невозможно институционално да се бараат роднини за деца дадени на посвојување, а иако овие луѓе бараа промена на законската регулатива, за тоа сè уште се молчи.

Така, најчесто по групи оформени за таа намена некои бараат, не криејќи си го идентитетот, па објавуваат и слики и информации што мислат дека може да се од корист во потрагата, други им пишуваат пораки на администраторите на групата за тие да објават наместо нив и инсистираат на анонимност, а за некои објавуваат пријатели.

Се пишуваат и приказни од кои се прави грутка во грлото и ретко кого остават без солзи. Осудите се забранети, а секоја информација за тоа дека се нашле роднини се дочекува со овација. Многу болка се собрала во ваквите групи на интернет. И одвреме-навреме има радосни вести.

Двете Фејсбук групи на Фејсбук кои служат за пронаоѓање на биолошки родители може да се најдат на следните линкови:

https://www.facebook.com/groups/1756483847938322/?ref=bookmarks

https://www.facebook.com/groups/753918694784944/?ref=bookmarks

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top