Григорис Делавекурас уште еднаш потенцира дека преговорите со Нимиц се еден, а активностите на Филе за добивање датум за Македонија друг процес.
– За да дојдеме до решение потребна е политичка волја. Грција уште еднаш во пракса покажа дека има политичка волја со иницијативата, за која не видовме реакција и во суштина воопшто не постоеше одговор – вели Делавекурас.
Тој изрази надеж дека на следната средба што ќе се одржи во Њујорк на крајот од јануари ќе постои промена на позицијата од македонската страна за, според него, да се види напредок на преговарачката маса.
Одговарајќи на прашањето на Канал 5, тој повтори дека за приближување кон решение, македонската страна е таа која што ќе треба да направи чекор напред.
– Грција сигурно е земја што не е закана за ФИРОМ бидејќи Грција е земја што сака да го види соседот во ЕУ. И затоа треба да бидеме внимателни со изјавите што ги даваме – објасни Делавекурас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст