| четврток, 6 декември 2018 |

Васиљ: Нема толеранција за пијани возачи, па ако сака нека е и папата

Активистот Влатко Васиљ кој од неодамна повторно ја користи платформата на Твитер за изразување на ставови упати жестоки критики кон Драган Спасов Дац, директорот на МНТ кој вчера во алкохолизирана состојба предизвика сообраќајна несреќа во која повреди млада девојка.

„Нула толеранција за пијани возачи! Па ако сака нека е папата, а не па директор на МНТ. Оставка и кривична! Брзопотезно“ порача Васиљ на Твитер.

Инаку и од МВР пристигна официјална потврда дека според увидот направен од сообраќајната полиција кај директорот Драган Спасов Дац било утврдено присуство на алкохол.

Тој, само кратко се обрати на социјалните мрежи и ги обвини критичарите дека злобата нема крај. Ваквиот статус предизвика лавина реакции и уште поголема осуда за неговото дело кое засега нема правна разрешница.

Повредената 27 годишна девојка по медицинската интервенција е пуштена на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top