| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвора прв центар за ајурведа, јога и медитација

На први февруари со почеток во 19 часот, се отвора дружба и презентацијата на првиот Центар за – здрава исхрана, ајурведа, јога и медитација, со локација на бул. „Климент Охридски” бр. 48, Скопје.
Центарот за здрав живот е катче во кое има  сè што е потребно за здравјето и добрата енергија, додека пак во катчето за ајурведа и здрави навики, постојано ќе може да се консултирате со соодветно лице-Ајурведски доктор за пулсова дијагностика.
Исто така ќе можете да присуствувате на анти-стрес програмите за време на викендите и медитативни часови.
Во центарот ќе имате прилика да се запознаете и со Јогата како дисциплина и да ја одберете онаа која Вам најмногу ви одговара во термин најприкладен за вас. Часовите се наменети за сите возрасти, а истите ќе бидат водени од стручно, обучени учители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top