Во сабота, на 3. февруари свој прв концерт во Скопје ќе има динамичен белградски квартет, Растко Обрадовиќ. Со овој концерт продолжува промоцијата на регионалната џез сцена во соработка со Win Music Freedom платформата.
Српската џез сцена никој пат не била толку динамична и разноврсна. Авторски состави никнуваат низ цела Србија, но Белград е секако епицентар на добрата музика каде само квалитните состави успеваат да опстанат. Во Србија има состави кои негуваат музика од 50-ти години, неизбежно збогатена со печати од времето и поднебјето на кое се креира, но има и автори чии композиции се темелени на локалната музичка традиција. Секако има креативни музички групи чиј репертоар е современ џез , но се сретнуваат и фузирани групи и автори кои се длабоко во водите на експериментална музика и слободна импровизација на лице место.
Белградската сцена е најразновидна, но не значи дека не постојата музички состави и од други подрачја кои рамноправно се носат. Напротив, одличен џез има од Кањижа до Врање, а она што е најинтересно е дека во сите нив предводат исклучиво млади автори. Оваа нова генерација има образование и искуство стекнато пред се на врвни светски академии и настапи како Осло, Лондон, Амстердам, Њу Јорк и сл. Овие автори имаат “загарантирана” светска кариера. Оваа сезона, зима – пролет во Јавна соба ќе видиме пет од најдобрите белградски состави.
Концертот на Растко Обрадовиќ квартет во сабота во „Јавна соба“ е вистински показател на белградската сцена. Членовите на квартетот се искусни, надвор школувани музичари кои покрај композициите ќе изведат и дел од омажот на Растко под налсовот “Tirgova Hamasjana”.
Претставувањето на белградската сцена е во организација на Јавна соба и Мултикултиватор од Белград. Мултикултиватор е единствена платформа која е посветена на унапредување на музичката сцена на овие простори. Организацијата детектира талентирани музичари и преку осмислени програмски активности ги поддржува да се узсовршат или образуваат во странство.
Влезот во Јавна соба е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст