| четврток, 6 декември 2018 |

Политичка дискриминација (?!): Субвенции нема само за лозарите од Кавадарци

Доцнат субвенциите за лозарите од Кавадарци. Иако се исплатени субвенциите на лозарите од цела Македонија, вклучително и на околните Росоман, Неготино и Демир Капија, Кавадарчани сѐ уште ги чекаат парите кои им следуваат од државата.

Лозарите од градот кој е најголем производител на грозје во Македонија, тонат во долгови, ги немаат платено репроматеријалите за претходната реколта, затоа што обично ги плаќаат кога ќе стигнат субвенциите а сега треба да набавуваат за наредната.

Во Кавадаречката јавност веќе се шпекулира дека се работи за казна од власта, затоа што на минатите локални избори, од поголемите градови единствено во Кавадарци победи кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев, во пресрет на локалните избори на Кавадарчани им ветуваа дополнителни субвенции. Но, од нив нема ни трага ни глас, исто како што ги нема и оние кои стандардно им следуваат на лозарите а ги воведе ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top