| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец фатен како продава дрога на 19 годишен сограѓанин

Дваесет и четиригодишен кавадарчанец завчера бил фатен од полицијата како продава дрога на 19 годишен сограѓанин, информацијата денеска за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Настанот се случил во попладневните часови во СОУ „Ѓорче Петров“, лицето М.Ј.(24) од Кавадарци било фатено како продава наркотична дрога на свој сограѓанин М.А.(19), појасни Додевски.

М.Ј. е приведен во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци, каде по документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top