„17 илјади амандмани се преведени. Се работи за живи луѓе, не знаеме до кога ќе бидат преведени. Законот треба да биде донесен во рок од 30 дена. Тие амандмани се понесени за да не се донесе законот. Има процедурална форма, но целта е политичка. Кога зборуваме за процедурата, имаше амандмани во второ читање. Тука, се употребува процедурата за да се направи политика“. Ова го изјави денеска собранискиот спикер Талат Џафери.
– „Во парламентарната процедура, законот ги има поминато сите филтри и е во согласност со Уставот. Според член 141 на деловникот, каде е ставено санкционирањето, вика дека законодавно-правната комисија има надлежност да дебатира за усогласувањето на законот со уставот и заклучоткот на комисијата е дека законот е во согласност со уставот. Тука завршува надлежноста на Собранието, бидејќи пленумот работи врз основа на работното тело кое има надлежност да направи вреднување. Не може сега да се врати Собранието, да прави повторно вреднување на процедурата. Ние сега ќе се судриме со нашата комијисја ако одиме во таа насока“, додава Џафери, пренесе А1.он.
Според него Законот за јазици не може да има иста судбина како Законот за бранители. Вели, ако тие не сфатат дека ова е во штета на албанците, тогаш ќе преземам други чекори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст