Силвио Берлускони, поранешниот премиер на Италија, е осуден на седум години затвор и забрана за вршење јавна функција заради секс со малолетна проститутка- позната како Руби.
Пресудата на миланскиот суд нема да биде правосилна до истекот на сите жалбени постапки во случајот.
Меѓу поплаките на одбраната е и тоа што судот пресуди седум години, една година повеќе и од тоа што го бараше обвинителството.
Во меѓувреме, информациите од Италија за 76-годишниот медиумски магнат Берлускони велат дека иако ниедна од неговите жалби не е прифатена од второстепените истанци, тој можеби нема да одлежи ни ден заради затворската политика во земјата за лица над 70 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


