| четврток, 6 декември 2018 |

Изетбеговиќ: Средбата со Ердоган и Вучиќ може да биде историска

Резултатите од средбата може да бидат историски, изјави членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ за босанските медиуми по состанокот во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе Ал Џезира.

„Значи, да се направи автопат или главно автопат, во комбинација со брз пат, кој би направил круг Сараево-Зеница-Тузла-Брчко-Бијелина-Белград, а потоа во Пожега и Вишеград назад до Сараево. За да се комплетира целосно кругот“, рече Изетбеговиќ.

Тој додаде дека турскиот лидер ветил дека ќе најде начин да направи такво нешто.

„Тоа е огромен проект, но турската држава е голема и тие многу направија. Мислам дека направиле илјадници километри во последните десет години. Друга работа, она што инсистираше Вучиќ. Тој рече дека Босна и Херцеговина повеќе нема да има никакви проблеми со Србија“, рече Изетбеговиќ.

Ердоган се состана со Изетбеговиќ и Вучиќ во Истанбул зад затворените врати бо палатата Мабеин.

Вучиќ по состанокот изјави дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот договор, и единственото нешто што бара од Бошњаците е Србите во Република Српска и секаде на друго место во БиХ, да се чувствуваат безбедно.

„Благодарен сум на претседателот Ердоган. Разговаравме со Изетбеговиќ, и имавме доволно време за разговор. Она што е најважно за мене … јас реков: „Србија го почитува територијалниот интегритет на БиХ, Дејтонскиот мировен договор, и се што од вас Бошњаците бараме е тоа Србите во Република Српска и секаде на друго место во БиХ да се чувствуваат безбедно. Ние не сакаме да го нарушуваме вашиот територијалниот интегритет да бараме од вас да имате таков однос со Република Српска, која преку Дејтонскиот договор е создаден ентитет на територијата на Босна и Херцеговина“, рече тој, додавајќи дека тој верува дека секој разговор лекува.

„Она што е најважно за луѓето е дека јас сум убеден дека ќе успееме со заеднички напори да обезбедиме траен и сигурен мир за српскиот народ, но и за Бошњаците и Хрватите и за сите други кои живеат на територијата на Босна и Херцеговина“, рече Вучиќ.

„Нашиот договор е дека што и да се случи – мора да се сочува мирот и стабилноста“, додаде српскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top