| четврток, 6 декември 2018 |

Пике откри дека ќе преземел радикален чекор ако не го продолжел договорот со Барселона

Жерард Пике денеска ја доживеа својата официјална промоција по повод продолжувањето на договорот со Барселона, операција по која искусниот и стандареден стопер ќе остане во каталонскиот гигант најмалку до 2022 година.

Пике со огромно задоволство стави параф на договорот и ја продолжи верноста со клубот на неговиот живот, а при обраќањето пред преполната сала новинари, јасно стави до знаење дека бил подготвен на радикален потег ако не пристигнела понуда од управата на клубот, односно ќе ставел крај на својата кариера на само 32-годишна возраст (неговиот досегашен договор истекуваше наредната година).

– Премногу сум среќен што денеска можам да го прославам моето продолжување на договорот и искрено се надевам дека нема да биде последно. Ако го одработам договорот, ќе бидат полни 14 години во првиот тим на Барса и претходно шест во младинските категории. Барса е мојата куќа, клубот на мојот живот и не може да бидам посреќен. Голема благодарност до претседателот за напорот кој го направи, благодарност и до мојата фамилија која постојано ме следи во овој мој сон. Сакам да уживам во овој ден, многу сум среќен. Секогаш во мојата глава беше само останувањето во овој клуб, друг клуб не е никаква опција. Ако не играв во Барса, немаше да играм на друго место, ќе ставев крај на кариерата, – порачал Пике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top