| четврток, 6 декември 2018 |

После бркањето на инвеститорите владата ги затвора рудниците во Македонија

Измените на законот за минерални суровини кои се во собраниска процедура и кои треба да се донесат по скратена постапка, ќе предизвикаат затворање на рудниците и блокирање на целата индустрија, соопшти Македонската асоцијација за рударство (МАР).

Претседателот на МАР Марјанчо Николов изјави дека Предлог-измените ги имаат поднесено група пратеници од СДСМ, но оти било нејасно кој во суштина стои зад нив.

Тој вели дека предлогот бил чуден и оти е почудно што немало јавна расправа и што измените се туркаат по скратена постапка. Исто така Николов бара одложување на донесувањето на законските измени и Асоцијацијата заедно со експерти да учествува во расправата во собраниската Комисија за економски прашања.

Имено, Македонската асоцијација за рударство (МАР) вели дека не е точно тврдењето во Предлог-текстот дека законските измени нема да имаат финансиски последици, бидејќи евентуално раскинување на договорите за концесии штетите би достигнале една до три милијарди евра, велат од МАР додавајќи дека рударската индустрија брои 12.600 вработени, а извозот достигнувал 180 милиони долари годишно.

Владата на СДСМ ветуваше пред да се носат важни одлуки за државата и економијата ќе се организираат јавни дебати за да се слушне јавното и експертското мислење но очигледно тоа не се применува во пракса.

Ова би значело голема загуба за економијата на Република Македонија која се потпира на индустрискиот сектор во градењето на Бруто домашниот производ. Со неработењето и несигурната иднина на комбинатот Фени Индустри и донесување на вакви закони би значело целосно забавување на економската што би резултирало со слаби економски резултати и поразителни економски индикатори.

Македонската економомија е и онака на климави нозе со што ваквите политики додатно се влошува состојбата.

Инаку, голем број од заинтересираните компании кои сакаа да дојдат и да инвестираат во Македонија го сменија своето мислење откако владата ја смени политиката кон инвеститорите додека сега додатно ја вложува состојбата и во рударскиот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top