| четврток, 6 декември 2018 |

Трите најскапи разводи во историјата (фото)

Со текот на годините, ние гледаме во ѕвездени разводи околу кои се вртат милиони долари. Мел Гибсон, Мајкл Џордан и Стивен Спилберг се пример кои беа принудени да им обезбедат на поранешни сопруги со по 100 милиони долари. Сепак, тие дури и не се доближуваат до лидерите во категоријата “најскапиот развод”. Еве кои се трите развода околу кои сумата е навистина голема.

3. Берни Еклстоун и Славица Радиќ (2009 – 1,2 милијарди долари)

Шефот на Формула 1 Берни Еклстоун, кој е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, се разведе од хрватскиот модел Славица Радиќ во 2009 година, а брако-разводниот договор е во вредност од 1.2 милијарди долари и, иако деталите не се многу јасни, при овој развод се чини дека е необична ситуација и Радиќ е онаа што му плаќа на Еклстоун.

2. Руперт Мардок и Ана Торв, (1999 – 1,7 милијарди долари)

Медиумскиот магнат Руперт Мардок и новинарот Торв имаа зад себе 31-годишен брак и три деца. Плановите на двајцата за тоа кога да сe повлече Мардок сепак се разминуваат и тие одлучуваат да се разделат пријателски во 1998 година. Нема многу детали околу разводот, но се смета дека Торв добила 1,7 милијарди долари. И двајцата забораваат брзо еден за друг. Мардок се оженил со Венди Денг 17 дена по разводот, а Торв се омажи за Вилијам Ман шест месеци подоцна.

1. Aлек Вилденстајн Џослин Вилденстајн (1999 – 3,8 милијарди долари)

Најскапиот развод досега станува факт во 1999 година, кога француско-американскиот бизнисмен и трговец на предмети на уметноста Алек Вилденстајн се разведува од сопругата Џослин со која имаат 21-годишен брак. Тужбата, истовремена разводот, води до фактот дека на Џослин и се доделени 2,5 милијарди долари и 100 милиони долари за секоја од следните 13 години. Така вкупниот износ е 3,8 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top