| четврток, 6 декември 2018 |

Средба: Ердоган-Вучиќ-Изетбеговиќ во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул ќе биде домаќин на шефот на српската држава Александар Вучиќ и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.

Потврди портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин изјави дека средбата на тројцата лидери е во рамки на напорите на Турција за зголемување на инвестициите на Западниот Балкан и за подобрување на билатералните односи со земјите од регионт, кои, како што рече, се и онака добри.

Тој потсети дека Турција и Србија имаат потпишано над 20 договри за соработка и дека средбата ќе биде можност да се разговара и за изградба на автопатот Сараево-Белград.

Калин истакна дека трајниот мир и стабилноста на Балканот имаат големо значење и дека Турција „не сака да гледа какви било етнички тензии“.

Според него, турската Влада е во постојан контакт со државниците на сите земји во регионот, со цел да помогне во зачувувањето на мирот и стабилноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top