| четврток, 6 декември 2018 |

Британски јасновидец предупредува: 2018 ќе биде пеколна!

Британскиот јасновидец Крег Хамилтон-Паркер, кој успешно ја предвидел победата на Трамп и Брегзит, најавил некои вознемирувачки настани кои, како што тврди, ќе се случат во светот наредната година.

Следната година ќе биде полна со драматични политички превирања и еколошки кризи, кои ќе предизвикаат непредвидливи временски услови, најавил Хамилтон-Паркер.

Предвидел и терористички напад на авто-пат во Велика Британија, револуција во Северна Кореја во која ќе биде отстранет од власт Ким Јонг Ун, и хемиски напад кој ќе биде изведен од дрон на еден од европските градови.

Своите предвидувања за мрачната иднина овој јасновидец ги објавил на својот блог, а меѓу помалку драматичните најави, се нашла и таа дека британскиот принц ќе ја запроси својата девојка, актерката Меган Маркл.

Во новите визии, како што тврди, видел дека Трамп успешно ќе ја избегне постапката за отповикување, а дека во Европа ќе дојде до зајакнување на десницата, посебно во Шпанија, Италија и Франција, што ќе предизвика големи нереди на улиците на тие држави.

Но, најцрни прогнози дал за екологијата во 2018. година, а предивидел и низа еколошки катастрофи.

– Екологијата е на врвот на листата затоа што чувствувам дека во 2018. година ќе се случат досега невидени потреси, вуклански ерупци и големи невремиња – рекол тој.

Најавил дека ќе се активира Везув, поради што жителите на Неапол ќе мора да се евакуираат, а според неговите предвидувања, силен земјотрес ќе го погоди и Нов Зеланд.

Смртоносни пожари во Калифорнија, разорни поплави во Кина и Индија, и страшни урагани кои ќе ги погодат Карибите, исто така се наоѓаат на листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top