Кожна заразна болест лајшманиоза – Cutaneous leishmaniasis, која се шири по Сирија и Блискиот Исток, ни се заканува и нам во Србија, ако веќе не е стасана, изјави за Телеграф.рс проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ, епидемиолог.
Оваа болест, која ја пренесуваат кучињата, а потоа мувите и крлежите, на болните им предизвикува отворени рани, крварење од носот, тешко дишење и голтање, веќе е дијагностицирана во Македонија и Црна Гора.
– Ако не е дојдена, ќе дојде. Овој факт апсолутно стои. Се шири главно преку домашни животни, пред сè, кучињата кои се резервоар на лајшманијаза.
Tоа е болест што ја третираат ветеринарите. Со оглед на фактот дека имаме потврдено присуство во Македонија и Црна Гора, и ако уште имаме луѓе заболени во овие земји, тогаш секоја приказна за тоа дали ќе ја имаме и кај нас, е сувишна – вели проф. Д-р Тиодоровиќ.
Тој објаснува дека кучињата се главниот резервоар на оваа заразна болест и дека може да ја пренесуваат мувите и други инсекти кои се на нив.
– Тоа значи дека можат да ја пренесат и крлежи, но главниот пат на пренос е од куче на луѓе. Не се пренесува од човек на човек. Може само теоретски преку крв, по пат на трансфузија. Лајшманијазата се лечи многу тешко – вели проф. Д-р Тиодоровиќ.
Покрај Сирија, болеста се проширила и во Турција, Јордан и Либан.
Проф. Тиодоровиќ вели дека во Турција е забележа зголемен број пациенти “благодарение на” мигрантите, особено од Сирија, каде што е многу распространета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.