| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија презент“ ги објави добитниците на наградата „Гоцева мисла“

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“ им се доделува на Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија) и Ристо Василевски (Србија), соопштија од Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.

Наградата „Гоцева мисла“ ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, а досегашни добитници се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија) и Ресул Шабани (Македонија).

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Доделувањето на наградите е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“, која и годинава ќе почне на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, а ќе заврши на 8 март оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top