| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот конгресмен Дигуарди повторно се наврати на Скопје: Албанците да бидат рамноправни или Македонија да се федерализира

Претседателот на Албанско-Американското и поранешниот конгресмен Џо Дигуарди повторно го сврте своето внимание кон Македонија, барајќи подобрување на статусот на Албанците во Македонија. Запрашан за актуелните случувања, тој рече дека останува зад изјавата дадена претходно за “ИНА” дека “Албанците треба да бидат еднакви во Македонија и тоа треба да се регулира со Устав”.

Поранешниот републикански конгресмен и моќен сојузник на актуелната американска администрација, истакна дека Албанците уште ги немаат остварено своите права како рамноправни граѓани и дека бара од американската администрација да продолжи да ги следи со внимание настаните во земјата.

“Јас ги истакнав моите ставови и укажувам дека Албанците во Македонија го немаат тоа што им припаѓа и дека треба да се третираат како еднакви партнери, а тоа треба да се постигне преку подготвување на нов устав. Ако не се случат овие промени, ние мора да се соочиме со опцијата за федерализам, што ќе им овозможи на Албанците да имаат административна, социјална и финансиска контрола на нивните богатства како дел од македонската федерација составена од етнички Албанци и Македонци “, изјави за INA, поранешниот конгресмен Дигуарди.

Запрашан за Охридскиот договор и неговото неприменување досега од страна на владите на Скопје, Дигуарди го повтори фактот дека овој договор е ” Пропаднат договор”.

Тој вети дека ќе продолжи да алармира и да ја разјасни дискриминацијата или како што тој ја нарекува “апартхејд” против 800.000 Албанци во Македонија од страна на “славо-македонските политичките партии кои ги контролираат со помош на нивните корумпирани албански политички соработници”.

Големоалбанштината на поранешниот конгресмен Диогарди: Тие што го тепале Села се претставници на словенската власт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top