| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за амандманите пронајдени во контејнер до Собранието

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција побара да се истражи случајот со амадманите за Законот за јазиците најдени во контејнер во близина на Собранието. Партијата вчера поднесе повеќе од 30 000 амадмани за законот, а вечерта се појавија снимки во дел медиуми на кои се гледа како дел од амандманите се во контејнер.

“Истрага за овој срамен недемократски инцидент мора да започне и истрага мора да има, а одговорните мора да бидат откриени и санкционирани. Не смее никому да му се дозволи да ја понижува демократијата на овој начин” рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека ваквите постапки нема да ја спречеле партијата и понатаму да стоела во одбрана на законите и Уставот на државата.

“Овој закон ја уназадува употребата на македонскиот јазик како кохезивно средство за комуникација на сите заедници во земјата, а неговото вештачко наметнување носи сериозни финансиски импликации” рече Костовски.

До овој момент собраниските служби не испратиле реакција на скандалот што го обелодени Република, а ниту пак Талат Џафери одговори на нашето прашање кој ќе понесе одговорност што демократијата во Република Македонија заврши на буниште.

Неверојатно, но вистинито: Амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците фрлени во контејнерите зад Собрание (ВИДЕО)

Инаку Собранието на Република Македонија утре во 11 часот треба да ја почне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците. До третото читање на законот доаѓа откако претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпиша указот за законот и испрати забелешки до Собранието.

ВМРО ДПМНЕ поднесе 35.000 амандмани за Законот за јазици

Законот за употреба на јазиците беше донесен на 11 јануари од парламентарното мнозинство во отсуство на опозицијата. Претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпиша указот за негово прогласување и го врати назад во Собранието со забелешки на текстот на законот.

Вето: 19 противуставни членови на Законот за употреба на јазиците (ДОКУМЕНТИ)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top