„Ние Грците имаме проблем со идентитетот. Ние не знаеме точно кои сме и каде припаѓаме поради тоа сме несигурни и лесно повредливи. Европа и Грција тоа е и приказна за едно недоразбирање“ вели грчкиот писател и филозоф Никос Диму за весникот „Ди велт“.
Јас самиот не сум омилен кај Грците, бидејќи кажувам вистини кои луѓето не сакаат да ги слушнат, вели 80-годишниот писател, автор на бестселери како „За несреќата да бидеш Грк” во интервју за германскиот весник.
Грците отсекогаш имале тежок однос со Западот. Земјата е под идеолошки белег на православната црква и комунизмот, кои пак се антизападно насочени. Врз таа основа Грците претпоставуваат дека зад европската солидарност се кријат лоши намери, вели Диму во врска со критиките во неговата презадолжена земја на сметка на европската програма за помош.
Според него Грците со сите средства се обидуваат да побегнат од реалноста. Тоа тој го образложува со примерот од грчките учебници:
Според официјалното толкување на историјата, Грците секогаш биле прогонувани, никогаш не започнале војни и патем секогаш имаат право. Од тоа произлегува самосфаќањето дека се супериорен народ кој потекнува директно од Софокле и Аристотел, вели писателот.
За Диму, односот на Грците со Европа е „улав” – за неа зборуваат како нивната земја да е на друг континент, а ако им се каже дека Грција нема што да бара таму, се лутат и истакнуваат дека секако припаѓаат кон Европа, на која ѝ го дале името и ја измислиле демократијата. Грција не доживеа ни ренесанса, индустриска револуција, ниту просветителство.
Грците илјада години живееја во феудална Византија, потоа следеа 400 години османлиска власт…
Ние Грците имаме проблем со идентитетот. Ние не знаеме точно кои сме и каде припаѓаме, поради тоа сме несигурни и лесно повредливи. Европа и Грција – тоа е и приказна за едно недоразбирање, вели меѓу другото писателот Никос Диму за весникот „Ди велт”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст