| четврток, 6 декември 2018 |

Попова: Поскапувањето на водата е удар за сиромашните

Граѓаните не смеат да плаќаат за расипништвото на СДСМ. Покачувањето на цената на водата е удар за сиромашните, обвини Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе значи плаќање за 13-та сметка. СДСМ претходно лажеа дека ќе ја поевтинат за 30 проценти. Водата не смее да стане луксуз. Бараме одлуката да се повлече, рече Попова.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека сметките се зголемуваат поради поради трошокот за третирање отпадни води, кој се додава на сметката за вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top