| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамопулос загрижен за нова балканизација на Балканот

Популизмот, национализмот и иредентизмот се закануваат одново да го балканизираат Балканот, вели европскиот комесар за миграција во интервју за грчката државна агенција АПЕ- МПЕ, потенцирајќи дека е важно да не се вратиме во мрачното минато.

Димитрис Аврамопулос, јави дописникот на МИА од Атина, коментира дека сите посакуваат позитивен завршеток на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ, затоа што „регионот е од стратешко значење за унијата и овие земји припаѓаат на европското семејство, но треба да се направат уште многу важни чекори“.

-Популизмот, национализмот и иредентизмот се закануваат одново да го балканизираат Балканот. Важно е да не се вратиме во мрачното минато. Не кријам дека сум загрижен, но постојат и оптимистички индикации. Властите на овие земји треба да разберат дека е потребно да се размислува и да дејствува со европски дух. Земјите, како Грција може да играат клучна улога во градењето мостови кои ќе го доближат Западен Балкан кон европското семејство. – вели Димитрис Аврамопулос во интервјуто за грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top