| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец паднал од шест метри висина додека местел олуци

Г.Ѓ. (41) од село Лескоец, Охрид, вчера околу 10 часот, местејќи олуци на викенд куќа во Вевчани, паднал од шест метри висина, соопшти полицијата.

Со итна медицинска помош веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди – скршеници во пределот на градите, бутната коска и рачниот зглоб, а имал и потрес на мозокот, поради што е задржан на лекување.

Увид изврши екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top