| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Кој ќе ни застане на патот, ќе биде уништен

Турција е подготвена за тесно партнерство со пријателски земји и ќе го уништи секој кој ќе и застане на патот, рече претседателот Реџеп Тајип Ердоган на отворањето на подземна патна врска вчера во Истанбул.

„Ние не правиме разлика меѓу терористите, без разлика дали тие се од организацијата на Фетулах Ѓулен, ДАЕШ, ПКК или курдските единици од сирискиот огранок на ПКК и ќе ја ликвидирам секоја можна закана по националната безбедност“, истакна во својот говор турскиот лидер.

Тој ги повика властите на сојузниците на Анкара на Запад да не ја игнорираат реалноста во регионот.

Ердоган истакна дека сириските терористи се предводени од милитантите на ПКК со седиште во Кандал во Ирак, и според него оваа вистина е препознаена низ целиот свет.

„Само еден од сојузниците на Турција не го признава овој факт, а тоа е САД, но не треба да се заборави дека проблемите не се решени и отстранети со затворени очи за реалностите“, рече Ердоган.

Според него, постигнувањата на Турција ги уживаат нејзините пријатели, но нејзините непријатели се уплашени, и така се поставуваат планови за да се формираат пречки на патот на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top