| четврток, 6 декември 2018 |

До кога? Босанската јавност со реакции за девојчето кое се срами бидејќи бара леб во контејнер (фото)

,,До кога, ова е срам за сите нас, државо, Босно ,Зеницо, луѓе ….се многубројните реакции во босанската јавност и на социјалните мрежи по објавување на фотографиите на кои се гледа како едно мало девојче во контејнер бара нешто за јадење.

Граѓанин на Зеница ги постирал овие фотографии на ФБ, притоа посебно нагласувајќи дека девојчето си го покрило лицето со рацете кога забележало дека човекот ја фотографира. Тој напишал:

,,Босно, Зеницо, луѓе, ова е одраз на состојбата во целата држава и во градот, рано утрината бев да фрлам ѓубре во контејнер, а таму девојче од 7-8 години бара леб. Мајка ѝ покрај неа чека. Дали наскоро ќе се делиме на оние во контејнер и на оние кои во стилот- Немој да се вртиш сине, ја напуштија оваа земја? До кога?„-пишува овој граѓанин на Зеница.

Jelahba.info , кои ги објавиле овие фотографии, коментираат дека во светот каде луѓето имаат многу повисок стандард, реагираат за најмала промена во општеството, но во Босна луѓето живеат без емпатија, свиткани до земја, во јад и чемер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top