| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Очекувам Владата да нè информира за сите активности

Претседателот Ѓорге Иванов по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека не може да открие повеќе детали за што точно се зборувало, но рече дека е реалист со искуство.

– Очекувам Владата да нè информира за сите активности. Овој процес продолжува да се одвива во рамки на Обединетите нации. За да нема притисоци се договоривме да не коментираме за предлогот – рече Иванов.

Вечерва во Клубот на пратенци се одржа состанок меѓу Иванов, премиерот Зоран Заев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, на кој се разговараше за предлозите на медијаторот Метју Нимиц и за текот на преговорите со Грција. По средбата никој од нив не сакаше да даде детали за да не го нарушат процесот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top