| четврток, 6 декември 2018 |

Лига на македонски Американци (ЛОМА): Министре Димитров, кога ќе почнете да ги штитите нашите интереси?!

Лига на македонски Американци (ЛОМА) му се обрати на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров со прашањето кога ќе се погрижи за нивните интереси како што го направил тоа за американските Албанци, во прилог објавувајќи фотографија од 2002 година.

„Господине Никола Димитров: Се сеќавате ли на старите добри времиња во Ди Си (Вашингтон – н.з.) во 2002, кога се сретнавте со лидерите на Националниот албанско-американски совет, Жерка и Лукај, и дискутиравте за интересите на американските Албанци? Кога ќе имате слух за интересите на македонските Американци?“, прашуваат од ЛОМА преку својот профил на „Твитер“.

Денес 45-годишниот Димитров во 2002 година стана втор амбасадор на Македонија во САД по Љубица Ачевска и најмлад дипломат во Вашингтон во тоа време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top