Фофи Генимата по средбата со Алексис Ципрас, јавува дописникот на МИА од Атина, го повторила ставот дека владата започнала со преговори без да постои национална линија и без да има консензус во владината коалиција.
– И денеска ја повторив потреба за комплетно решение на прашањето на Скопје со сложено име со географска одредница за севкупна употреба и со сите правно обврзувачки гаранции кои ќе го отстранат иредентизмот, но и фалсификувањето на историјата. Вчера побарав свикување на Совет на лидерите на политичките партии затоа што господинот Ципрас продолжи кон преговори без, како што требаше и како што треба, да ја има потврдено националната линија и без да обезбеди консензус ниту во внатрешноста на неговата влада. Дволичноста и радикалните гласови ги отежнуваат преговорите и не им служат на националните интереси, рече лидерката на Демократската коалиција, пренесува МИА.
Фофи Генимата и Алексис Ципрас, во рамките на денешните активности на грчкиот премиер за информирање на лидерите на политичките партии за последните случувања во македонско-грчките односи, повеќе од еден час разговараа за грчките национални прашања, со акцентот ставен на спорот со името.
Во почетниот дијалог пред камерите, во траење од околу 20 секунди, јавува дописникот на МИА од Атина, во добра и опуштена клима, Генимата и Ципрас разменија информации за возраста на нивните деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


