Светот денес го одбележува Денот на сеќавањето на Холокаустот, воспоставен на 1 ноември 2005 година со Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации.
ОН го одбраа 27 јануари, денот кога во 1945 година бил ослободен Аушвиц-Биркенау, најозогласениот логор на смртта во поробената Европа.
На овој ден е исто така ден за потврда на човековите права, превенцијата и казнувањето на геноцидот, како и растечките опасности од расна, национална и верска омраза засновани на предрасуди.
Премиерот Зоран Заев денес изјави дека овој ден «нѐ потсетува на еден од најтрагичните настани во човечката историја – геноцидот врз Евреите за време на Втората светска војна».
Тој потсети дека «меѓу милионските жртви на Холокаустот беа погубени и 7.200 македонски Евреи. Да се сеќаваме, за никогаш да не се заборави» и даде дека «со сеќавањето на овој ден, народите на светот ја изрaзуваат непоколебливата посветеност да се спротивстават на антисемитизмот, расизмот, и на сите други форми на нетолеранција и дискриминација».
Министерството за надворешни работи со комеморативна церемонија го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, и им оддаде почит на сите жртви, вклучувајќи ги и илјадниците Евреи од Македонија.
«Холокаустот останува мерило за најголемото зло во историјата, без сеќавање еден народ нема иднина», рече претставникот на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст