Македонската радио-телевизија распиша конкурс за избор на нов директор и заменик-директор на јавниот сервис, кои треба да дојдат на местата на Марјан Цветковски и Харун Ибраими, чијшто мандат завршува во март.
Цветковски е генерален директор на МРТВ од март 2012 година.
Изборот на нов директор ќе се прави на стариот начин, бидејќи измените на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со кои е опфатена и МРТВ се уште не донесени и се уште се разгледуваат од Европската комисија.
Според конкурсот објавен на интернет страницата на јавниот сервис, директорот и заменик-директорот се избираат за период од 3 години со можност за повторен избор. Кандидатите што ќе се пријават треба да се државјани на Република Македонија, да имаат високо образование, да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години, да имаат над пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото.
Една од клучните реформи што ги најави Владата на Зоран Заев беше таа во медиумите, а според токму во јавниот сервис се очекува да има сериозни поместувања. Промените започнуваат со изборот на нов директор, но и главен и одговорен уредник на јавниот сервис. Диме Ратајковски во септември минатата година даде отказ. На крајот на минатата година беше објавен и конкурс за избор на главен и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на МРТ.
Пред новиот директор, но и новиот главен и одговорен уредник ќе стои голем предизвик за реформирање на МРТ, пред се поради финансирањето, кое сега ќе биде од Буџетот, откако есенва беше укината радиодифузната такса која беше најголем приход за финансирање на јавниот сервис.
Највисок орган во управувањето на МРТ е Советот на МРТ, кој брои 13 членови, кои ги избира Собранието на Република Македонија. Од нив, пет членови предлага собраниската комисија за избори и именувања, тројца предлага Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), додека останатите пет членови се предлагаат од страна на: Интеруниверзитетската конференција, Албанскиот театар, Турскиот театар, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинарите (МАН). Членовите на Советот се избираат со мандат од пет години.
Во декември 2014 година, Собранието го избра следниов состав на Советот на МРТ:
Смилка Јанеска-Саркањац, претседател (предлог на собраниската комисија)
Јагнула Куновска (предлог на собраниската комисија)
Ристе Панов (предлог на собраниската комисија)
Златко Јанковски (предлог на собраниската комисија)
Косана Мазнева Николиќ (предлог на собраниската комисија)
Гајур Рамадани (предлог на собраниската комисија)
Илир Рамадани (предлог на собраниската комисија)
Анита Латифи (предлог на Албанскиот театар)
Селпин Керим (предлог на Турскиот театар)
Ведат Мемедалија (ЗНМ)
Ивана Трајковска (МАН)
Петгодишниот мандат на членовите на Програмскиот совет на МТВ истекува во декември 2019.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


