| четврток, 6 декември 2018 |

Владата му даде 300.000 денари помош на семејството Зулбеари од Тетово

Финансиска помош од 300 илјади денари ќе му додели Владата на семејството Зулбеари од Тетово во чиј дом вчера избувна пожар и загинаа мајката и четирите малолетни деца.

– Поттикната од трагичниот настан во тетовската населба Поток, Владата на Република Македонија денеска ја свика 51-та седница и донесе заклучок за доделување на еднократна парична помош. Покрај паричната помош во висина од 300 илјади денари за семејството Зулбеари, на седницата е договорено владина делегација да го посети семејството и непосредно да го изрази длабокото сочувство за оваа трагедија, се вели во соопштението на Влада.

Пожарот, како што претходно објави МИА, во кој настрадааа пет лица, се случи вчера околу 3 часот и 30 минути и ја зафатил куќата на семејството Зулбеари на улицата „Гоце Делчев“ бр. 185 во Тетово.

Денеска беше одржана комеморација и прогласена е тридневна жалост во Тетово. Општината на семејството Зулбеари ќе му додели помош од два милиони денари од резервите на буџетот на oпштина Тетово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top