| четврток, 6 декември 2018 |

Најмоќните земји во светот

Кина, Русија и САД години наназад ги предводат листите на најмоќни земји во светот, а секоја година има по една или две земји кои сакаат да ја растурат големата тројка и да изборат место на врвот на овој поредок.Оваа, исто како и минатата година, на врвот на листата на најмоќни земји во светот се наоѓа САД. Иако нејзината репутација беше разнишана поради нестабилната ситуација која ја предизвика седнувањето на Доналд Трамп во претседателската фотелја.

Веднаш зад нив, на второто место на листата се најде Русија, која успева да се одржи како огромна глобална сила благодарејќи на искористувањето на домашните природни ресурси, но голем дел од нејзината моќ претставува и воената сила, која половина свет ја смета како закана за безбедноста, а другата половина вели дека е неопходна за балансот на силите во светот.

Ниту третото место не е изменето во однос на минатата година и таму повторно се наоѓа Кина. Земја со импресивен пораст, како на економско, така и на воено ниво. Населението од 1,4 милијарди луѓе само ѝ помага на земјата да остане моќна. Кина веќе ја има најголемата армија во светот, а експертите предвидуваат дека до 2050 година таа ќе ја има и најдобрата економија од сите земји на светот.

Листата ја направи US News and World Report во партнерство со Business Insider, а во неа беа вбројани вкупно 23 земји од целиот свет. Останатите земји на листата беа во следниот редослед:

4. Велика Британија

5. Германија

6. Франција

7. Јапонија

8. Израел

9. Саудиска Арабија

10. Обединети Арапски Емирати

11. Јужна Кореја

12. Канада

13. Турција

14. Иран

15. Швајцарија

16. Индија

17. Австралија

18. Италија

19. Шведска

20. Пакистан

21. Холандија

22. Шпанија

23. Катар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top