| четврток, 6 декември 2018 |

Убиена мајката на познат фудбалер, внукот ја заклал за 20.000 динари

Ужасно злосторство ја потресе Србија – мајката на познатиот српски фудбалер Драган Шарац, 64-годишната Мира Шарац е брутално убиена во својата куќа во Рума во четвртокот наутро.

Според првичните информации, за ова злосторство е осомничен нејзиниот внук, кого полицијата го затекнала на компјутер во блиската играчница и тој веднаш е приведен.

Срѓан во претпладневните часови се скарал со татка си и отишол кај бабата. Кога стигнал кај неа, таа му сварила кафе.

Додека го пиел кафето, Мира легнала да се одмори малку, а тој тогаш го извадил ножот, кој, како што рекол, постојано го носел со себе. Несреќната жена шест пати ја избол во вратот.

Инаку синот на Мира Шарац е познатиот српски фубалер Драган Шарац кој играл за Обилиќ додека Аркан беше жив и тогаш освоија една титула.

Нешто подоцна замина за Австрија, каде играше за нивните клубови, а по враќањето во Србија две сезони играше за Црвена звезда, во периодот од 2003 до 2005 година.

Моментално е помошен тренер на Чукарички. За репрезентацијта на Југославија настапувал на шест натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top