| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството за нападот врз Села: Не бил убиен зошто напаѓачите мислеле дека е мртов

На обвинителна клупа денеска за прв пат седнаа обвинетите за нападот на лидерот на Алијанса на Албанците, ИЗјадин Села, во Собранието на 27. април.

Единствената причина поради која пратеникот Зијадин Села не е убиен е тоа што не давал знаци на живот, па сите мислеле дека е мртов, кажа јавниот обвинител на рочиштето денеска, потенцирајќи дека напаѓачите не се колебале, туку мислеле дека е мртов, а тоа ќе го докажеле со фотографии и снимки.

Адвокатите на деветемина обвинети се изјаснија дека тие не се виновни, и се изјаснија за невини.

Наредното рочиште за нападот врз Села е закажано за 8. февруари.

Денеска Села не се појави во судницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top