| четврток, 6 декември 2018 |

Лош фотошоп на „Венити фер“: Опра има три раце, Рис три нозе (фото)

Магазинот „Венити фер“ во својот последен број на насловната угостил многубројни холивудски ѕвезди, меѓу кои најмногу се истакнале водителката Опра Винфри и актерката Рис Витерспун.

И не би било ништо чудно да не се истакнале поради катастрофалниот фотошоп кој му се „лизнал“ на славниот магазин.

Благодарание на претераната употреба на фотошопот и недостатокот на нечие внимание, Опра добила трета рака, а Рис трета нога.

Па така Опра на едната фотографија има една рака на половина, една ја држи во својот скут, а една околу половината на Рис.

Рис пак, на насловната има прекрестени нозе зад кои се наоѓа уште една нога.

Секако, грешките веднаш станаа хит на социјалните мрежи, а сите главно се шегуваат на иста тема.

„„Венити фер“ разоткри дека Опра е вонземјанин“, „Сега ќе биде уште поинтересна нејзината можна кандитатура за претседателка““, го исмејувале весникот твитерашите.

„Сега е јасно зошто Рис стасува толку многу нешта да направи па жената има три нозе“, коментирале други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top