Вардаровиот голман, Шпанецот Арпад Штербик беше повикан на европското првеснтво во Хрватска од селекторот Жорди Рибера, откако итно беше побарано да биде златен ас за „Фурцијата“.
Денеска Шпанија ќе го одигра полуфиналниот меч против Франција, а Штербик е замената за повредениот Гонзало Перез де Варгас, кој неочекувано ги заврши своите настапи на шампионатото по повредата на мечот против Германија.
– Дојдов овде во Загреб да им помогнам на колегите од репрезентацијата, но ќе видиме што ќе се случи. Иако тренирав, немам одиграно натпревар од 14. декември. Сепак, дојдов за да освоиме медал и сигурен сум дека можеме да успееме во тоа. Мора набрзина психолошки да се подготвам, да се адаптирам на првенството и да зборувам само за ракомет. За нешто повеќе од 24 часа е тешко да влезеш во ритам пред ваков натпревар, истакна Штербик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.