| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик итно во Загрев, ќе ја спасува Шпанија

Арпад Штербик доби изненадувачки повик од шпанскиот селектор Жорди Рибера и се чини непланирано може да се претвори во голем адут на својата репрезентација на ЕП во Хрватска.

Шпанците ги очекува утрешното полуфинале против Франција, а голманот на Вардар итно бил повикан во Загреб откако Гонзало Перез де Варгас заработи непријатна повреда на вчерашниот дуел против Германија. Штербик вели дека сака да му помогне на националниот тим да освои медал, но и самиот не знае колку е подготвен за настап.

– Дојдов овде во Загреб да им помогнам на колегите од репрезентацијата, но ќе видиме што ќе се случи, иако тренирав, немам одиграно натпревар од 14. декември. Сепак, дојдов за да освоиме медал и сигурен сум дека можеме да успееме во тоа.

– Мора набрзина психолошки да се подготвам, да се адаптирам на првенството и да зборувам само за ракомет. За нешто повеќе од 24 часа е тешко да влезеш во ритам пред ваков натпревар, – потенцира Штербик.

Шпанците се уште не потврдиле дали Штербик дефинитивно ќе биде во составот и ќе тактизираат до утре наутро кога мора да објават евентуална замена во својот тим, но се претпоставува дека шансите да се ризикува со Перез де Варгас се минимални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top