| четврток, 6 декември 2018 |

Убавата градоначалничка го тресе Рим: Војна со криминалците, паѓаат цели кланови

Во најновата полициска акција биле уапсени 31. лице, а Остија е единствениот дистрикт кој владата директно го контролира.

Полицијата во Рим соопштила денес дека уапсила 31 лице под сомнение дека учествувале во мафијашки активности во приморското предградие Остија.

Како што пренесува Reuters, тоа предградие кое се наоѓа на околу 35 километри од Рим, било едно од жариштата во големата истрага против мафијата во италијанската престолнина.

“Рим добива нова шанса за подобрување со операциите против кланот Спада во Остија…Ние заедно велиме “не” за криминалните активности”, порачала на Твитер градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи.

Службеник од полицијата рекол дека 31 член од осомничениот клан, кој наводно го води семејството Спада бил уапсен во полициска акција во Остија, а дека едно лице успеало да побегне.

Остија е единствен од 15 римски дистрикт кој е под директна контрола на владата поради наводната вмешаност на мафијата на тоа подрачје, а по големите апсења во престолнината спроведени во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top