Сметките за вода во Скопје сепак ќе се зголемат.
Јавното претпријатие Водовод соопшти дека во нарендиот период кубик вода ќе чини 30,70 денари наместо досегашните 29,39 денари.
Од водоводот одлуката за поскапувањето ја правдаат со трошоците за одржување на две пречистителни станици кои преминуваат во надлежност на Град Скопје.
На новата цена треба да се додаде ДДВ од 5% плус надоместокот за користење вода кој изнесува од 1 до 2%.
Новата повисока цена на водата ќе важи до крајот на оваа година. За 2019 и 2020 планирани се нови зголемувања на цената.
Одлуката на водовод треба да ја потврдат советници на град Скопје. Седницата на која ќе се најде оваа точка на дневен ред е закажана за 31 јануари, среда.
Инаку, пред три години советничката група на СДСМ за актуелната цена на водата тврдеше дека е висока и бараше намалување од 30%.
Сега новиот менаџмент во Водово тврди дека скопјани имаат најевтина вода во државава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст