| четврток, 6 декември 2018 |

Гинекологот од Шутка лажела за работното искуство во Американската болница во Тирана

Гинекологот Вјолца Мбиара никогаш не работела ниту пак, била вработена во Американската болница во Тирана, соопштуваат од болницата.

-Изјавата на д-р Вјолца Мбиара во врска со Американската болница е неточна и измислена и сериозно го нарушува угледот на нашата компанија во регионот- стои во соопштението.

Во дописот кој го испратија од оваа болница се повикуваат на текст објавен на Плусинфо во кој се пренесува соопштението од Министерството за здравство за започнување со работа на гинекологот во амбулантата во Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top