Гостин во емисијата „60 минути на Алфа Телевизија“ беше професор д-р Гордана Сиљановска Давкова. Таа во последно време беше остро нападната од поддржувачите на власта поради јавно искажаните критики кон противуставно спроведените закони.
-Наместо „паблик хеаринг“ во Парламентот законот не одеше по редовна постапка туку во скратена постапка со европско знаме и тогаш и сега на почетокот ќе кажам дека прекршена е деловничката постапка во Деловникот, кога се работи за закони под европско знаме, што ќе рече закони со кои ја усогласуваме нашата легислатива со европската, се бара точно да се наведе директивата и со која се усогласува законот. Денот на донесувањето, потпис на министерот да има. Одредбите што се усогласуваат и друго уште нешто ако ги нема овие елементи, а ги нема, може да провери секој и тогаш Претседателот на Собранието е должен да му го врати законот на предлагачот и да го потсети дека според деловничките одредби тоа е членот 136 мора најдоцна во рок од 15 дена да го дополни со бараните деловнички одредби. Тоа не беше сторено, истакна Сиљановска Давкова.
Таа додаде дека народот треба да се замисли. Ако политичарите не промовираат политика во границите на правото, вели таа, а всушност ваквото воведување на Законот за јазиците е нотарно кршење на Деловникот кој што е најважен акт на Собранието што очекуваат тогаш од граѓаните.
Професорката Сиљановска Давкова потенцираше дека во државата не владее правото.
–Јас немам ништо против проширување на употребата на јазикот кој што го зборуваат 20% во случајот значи албанскиот јазик. Но како професор по Уставно право инсистирам на владеење на правото. Значи може да се смени Уставот и да се воведат други одредби, рече Сиљановска Давкова.
Таа констатираше дека најголеми закани за прифаќање на усвојување на Законот за јазиците добил претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
-Ако моите родители биле тепани да пишуваат и зборуваат на српски јазик, ако баба ми и дедо ми исто така морале да зборуваат бугарски јазик едно време, таа асоцијација е лоша, а богами за владеење на Втората светска војна во западниот дел на Македонија и документите и актите биле на албански јазик. Значи заканите не можам да ги разберам бидејќи ние и од говорница чувме дека „Ако не сакате , ќе морате да го учите, рече Сиљановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст