Васка Јанковска, вокалистката со моќен глас која цели 12 години пееше на концертите на Горан Бреговиќ со неговиот ,,Оркестар за свадби и погреби’’ реагира по повод начинот на кој во изминативе години МРТ избира претставник од земјава за популарната музичка манифестација Евровизија. Вели дека фер би било кон талентираните изведувачи, но и кон јавноста, да се избира нашиот претставник на конкурс, со цел сите заинтересирани да добијат можност да ги покажат своите способности.
-За мојот глас нема потреба самата да ви кажувам. Ме знае целиот свет, имам фанови од сите земји каде што настапував со Бреговиќ. Во годините кога пеев со неговиот оркестар имав и по 150 концерти годишно. Кога би добила добра песна, верувам дека ако не прво, но второ место сигурно ќе освојам на Евровизија. Можеби звучи нескромно, но мислам дека сите талентирани изведувачи, помеѓу кои и јас, треба да добијат шанса за учество на Евровизија.
фокус.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст