| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за здравство ќе испитува како почина 15-годишното момче на Клиниката за Трауматологија

Од Министерството за здравство соопштуваат дека ќе ги испитуваат причините за смртта на момчето, кое починало при банална операција на колено .

Министерството за здравство ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15-годишното момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција. Целиот кадар на Клиниката за ортопедија бил максимално ангажиран во напорите да се спаси момчето. Исто така формирана е и комисија на Клиниката која ќе го анализира случајот и по добивање на официјалните резултати од обдукцијата ќе се соопштат транспарентно на целата јавност.

Во наредните денови се очекуваат и официјалните резултати од Институтот за судска медицина.

Момчето починало вчера за време на рутинска операција на скршено колено .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top