| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар во Тетово

Четири деца и нивната мајка загинаа во пожар во Тетово што ноќеска избувнал во нивната куќа во населбата Поток, околу 4 часот утринава.

Ова се првичните неофицијални информации од тетовската пожарна.

Мајката Фатиме Зулбеари е 38 годишна а децата се на возраст од 4 до 13 години, три машки и едно женско.

Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.

новамакедонија.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top