| четврток, 6 декември 2018 |

Контроверзните литвански судии ќе делат правда на мечот меѓу Македонија и Данска

Македонската репрезентација денеска го игра својот последен натпревар од втората фаза на Европското првенство, а противник ќе ни биде Данска. Македонија вчера со поразот од Чешка ги загуби шансите за пласман во полуфиналето, па денеска против Данците ќе играме за третото место во групата и битка за петтата позиција на шампионатот.

ЕХФ денеска ги делегираше и делителите на правдата, па нашиот меч ќе го суди контроверзната литванска судиска двојка Миндаугас Гателис – Ваидас Мажеика. Двајцата судии се на удар на критики на ова ЕП и имаат голем број контроверзи, особено по оној пенал во последната секунда на мечот помеѓу Словенија и Германија во првата фаза.

Натпреварот помеѓу Македонија и Данска се игра денеска со почеток од 18:15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top