Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, веднаш по ждрепката во Лозана се огласи за квалитетот на групата и очекувањата од ова ново натппреварување.
„Наша цел е првото место, ќе играме за да победиме во групата. Ќе одлучува пресметката со Ерменија, но мораме да бидеме максимално мотивирани и подготвени и против Лихтенштајн и Гибралтар. Ќе се сконцентрираме на анализа на противниците, но треба на сите да ни е јасно дека најважни сме ние, ние мораме да бидеме во наше најдобро издание. Се надевам дека ќе бидеме здрави и целосно ќе се фокусираме на натпреварувањето. Верувам во квалитетот и карактерот на нашите фудбалери бидејќи покажаа дека можеме да се надигруваме и со далеку поквалитетни репрезентации. За успех е потребна поддршка од сите, оваа Македонија тоа го заслужува“, изјави Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст