Координацијата за предложената рамка на медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе се одржи в сабота попладне во Клубот на пратеници.
На средбата која е иницирана од МНР, како што потврдија за МИА, ќе присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
– Министерството за надворешни работи е иницијатор за одржување на координативен состанок, со цел да се информираат релевантните политички фактори во Република Македонија за предлогот на амбасадорот Метју Нимиц, кој произлезе од последната средба со македонскиот и грчкиот преговарач во Њујорк. Претседателот Иванов, како што претходно брифиравме, е подготвен да присуствува на ваква средба, велат за МИА од кабинетот на шефот на државата.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција најави дека наскоро ќе се одржи средба за рамката на Нимиц на која ќе бидат присутни повеќе политички лидери
Владата, посочи Бошњаковски, веќе го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот и очекува да биде изграден широк национален консензус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст